ИГРАМЕ СО НАШИТЕ ЛЕТАЛА

ИГРАМЕ СО НАШИТЕ ЛЕТАЛА

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ИГРАМЕ СО НАШИТЕ ЛЕТАЛА

Цели на оваа активност се:

  • Усвојување на елементарни сознанија за воздух преку воочување и запознавање со елементарни појави (сонце, ветер) вовед во каузалитет.

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • Бели листови или хартија во боја,
  • Дрвени боички или водени бои,
  • Фломастери (техника по избор),
  • Ножички, лепак,
  • Шамивче, пин понг топчиња.

Опис на активноста која можете да ја реализирате заедно со вашите деца кои се на возраст од 2 до 3 години.

Излезете надвор и разговарајте за времето – што се случува надвор: Дува ветер, гранките од дрвата се нишаат, ливчињата се вртат и се подигаат горе- доле, ветерот ни ја дува косичката, не дува во грбот. Разговарајте со вашето дете што се може да се направи /да дувне ветрот?

Извадете шамивче од џебот и држете го за едниот крај – нека детето воочи како шамивчето се движи кога ветерот дува.

Дома со вашето дете изработете: хартиено авионче или летало (змеј) или хартиена вртелешка. Вие превиткувајте а детето да ве набљудува. Може доколку сака да ја обои хартијата (техника по избор). Заеднички „фрлајте ги авиончињата“ – кое повеќе лета или дувајте во вртелешката. Змејот може да го летате надвор на ветер.

Имитирајте ветер – дувајте во косичката на детето, дувајте во стомачето кога го пресоблекувате, нека „фаќа“ меурчиња од сапуница; дувајте во пинг- понг топчиња наредени на маса.

Во прилог следат слики од предложените активности.