ИГРА СО БАЛОНИ

ИГРА СО БАЛОНИ

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ИГРА СО БАЛОНИ

Цели на оваа активност се:

  • Осознавање на својствата на воздухот и воочување на причинско последичните односи.

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • Балони

Надувајте неколку балони,некои од нив врзете ги со конец,за да можат децата да ги држат. Другите пуштете ги во просторијата за да можат децата да ги фаќаат и фрлаат. Неколку балони надувајте ги пред децата и дајте им ги да ги пуштат да се издишат а некои дајте им ги во раце за да почуствуваат како воздухот излегува од балонот. Некој нека се обиде да надува балон, да го имитираат звукот на балонот.

Активноста завршете ја со подвижна игра – Балон

  • Балонот се надува
  • Пазете го дечиња
  • За да не пукне
  • Паууу!