Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
И НИЕ СМЕ ЕКО ПРОИЗВОДИ
Цел на активноста
- Запознавање и осознавање за процесот и придобивките на рециклирање. Внимателно следење и активно учество во изработка во еко производи.
Потребни материјали:
- Стара хартија, лепак, дупчалка за хартија, стари употребени врвки, тоалетна ролна, ножички, украсна хартија, пластични шишиња, конец.
Разговарајте со вашето дете што е тоа рециклирање? Како се рециклира и што се рециклира? Објаснете им ја постапката на рециклирањето.
За потсетување, -Рециклирањето е преработка на користени материјали за добивање на нови производи. Со овој процес се спречува губењето на материјали, се намалува загадувањето на воздухот и водата, се намалува користењето на енергијата.
Секој производ кој што може да се рециклира е означен со знакот за рециклирање. Знакот за рециклирање има три стрелки кои ги означуваат трите фази; собирање, преработка и повторна употреба.
Со материјалите кои се рециклираат може да се направат многу креативни и практично применливи производи кои се користат во секојдневниот живот.
Во прилог можете да ги погледнете поставените видеа за рециклирање како и добивање на јасна слика и нови идеи за рециклирање на употребени производи.
И секако не заборавајте „СО РЕЦИКЛИРАЊЕТО ЈА СПАСУВАМЕ ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА ОД ЗАГАДУВАЊЕ… БИДИ И ТИ ДЕЛ ОД ТОЈ ПРОЦЕС“.
Се надевам дека ви се допадна нашата денешна активност.
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.