Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ГРАДИНКАТА ПРАЗНУВА
Цел на активноста
- Сигурност, ефикасност, умешност во работата со конструкции
- Планирање на сопствена активност,истрајност и покрај можните фрустрации
- Развивање и јакнење на фината моторика кај децата.
Потребен материјал:
- Ликовен материјал,
- Дрвени боици,
- Бел лист,
- Коцки,
- Листови во боја,
- Слики,
- Весници.
Во овој период на раниот детски развој децата почнуваат да покажуваат особен интерес кон откривање на нови работи и имаат свој индивидуален пристап кон одредени нешта. Направете го запознавањето нанашата држава интересно за децата, објаснете и го значењето на празникот за нашата татковина и објаснете му дека 11-ти Октомври е и празник (роденден) на нашата градинкаи поттикнете го истражувањето и љубопитноста на детето.
Разговарајте со Вашето дете за нашата татковина (каде живееме, кои се убавините на нашата татковина, што значи празникот 11-ти Октомври, разгледувајте сликовен материјал за нашата држава Р.С.Македонија).
Откако ќе завршите со разговорот потрудете се да научите една стихотворба во чест на празникот 11-ти Октомври,
Октомври
Веј се знаме ширно
со црвена боја
празнувај ми весело
Татковино моја
Во октомври станавме
За одмазда света
да сме земја слободна
векот да ни цвета
Откако ќе завршите со учењето на стихотворбата поттикнете го вашето дете да Ви ја изрецитира пред Вас и вашето семејство.
Потоа во чест на празникот на градинката потикнете го вашето дете да нацрта цртеж по негова желба. Откако ќе завршите со активноститеможе да си поиграте со коцки, конструирајте ја нашата градинка од коцки.
Во прилог следат слики од предложената активност:
Секогаш сме тука за соработка со вас и вашите деца.
Се надеваме дека имавте квалитетно и исполнето време со вашите деца. Во интерес на вашето дете е да ги следите нашите објави.
Со реализација на овие активности ќе ја поттикнеме и развиеме љубопитноста и креативноста кај вашите деца, како и јакнење на фината моторика кај детето, истрајноста и упорноста. Детето се стекна со знаење за празникот 11 Октомври и патрониот празник на нашата градинка.
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.