ГРАДИНКАТА МОЈА  ВТОРА КУЌА

ГРАДИНКАТА МОЈА ВТОРА КУЌА

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ГРАДИНКАТА МОЈА ВТОРА КУЌА

Цели на оваа активност се:

  • Основна цел е запознавање на деца со дневните активности кои ќе ги извршуваат во градинка и осознавање на Бон – тон правилата на однесување во градинка.

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • Серија слики

Активноста започнете ја со разговор за тоа како се вика нивната градинка и објаснете им дека тоа ќе биде нивниот втор и заеднички дом , место каде ќе живеат сите заедно .Веднаш потоа по дадени слики прераскажете им ја на децата приказната “Градинката моја втора куќа”преку која ќе се запознаат со ритамот на денот во градинката (прием ,доручек , слободни активности и игри , ручек , попладневен одмор и заминување од градинка).

Освен тоа, каде ќе живееме заедно разговарајте со децата и за тоа како ќе живееме заедно со почитување на Бон – тон правилата за во градинка .

На крај разговарајте и за Бон – тон правила на однесување во градинка:

  • Не се тепај
  • Играј фер
  • Играј се со секого
  • Внимателно слушај
  • Нека биде тишина.Тивко!
  • Сподели ги играчките. Играјте заедно.

 

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА