Го Подарувам Моето Срце

Го Подарувам Моето Срце

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ГО ПОДАРУВАМ МОЕТО СРЦЕ

Цел на активноста

  • Развој на чувство на љубов кон сите деца во светот.
  • Оспособување за сликање – печатење со туткана хартија.
  • Стекнување на поголема сигурност на контрола на движењата на раката при ракување со ликовен материјал

Потребен материјал:

  • Темперни бои,
  • дрвени бои,
  • листови од блок,
  • туткана хартија,
  • ножици,
  • врвки.

Во домашни услови со децата можете да разговарате за нивните другарчиња, колку се тие важни во нивниот живот. Разговарате за тоа дека треба да ги сакаат децата од целиот свет.

За таа цел можете дома заедно да нацртате срце и да го декорирате со боење или печатење со туткана хартија и боја. Можете да изработите повеќе срциња и потоа детето тие да ги подели на своите другарчиња. Детето самостојно може да ги исече по зададена линија. Можете на нив да наврзете и врвки за да можат да ги наместат околу својот врат, така би биле уште посреќни дечињата.

На крајот секако да го пофалите детето за да ја зајакнете неговата самодоверба.

Се надеваме дека ви се допадна денешната активност.
Во интерес на Вашето дете е да ги следите нашите објави

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.