На 29 декември, минатата година, дечињата од ЈОУГД „11 Октомври“ од Бутел – Скопје, на возраст од три до пет годинки, заедно со наставничката Катерина Равојска учествуваа во многу, многу забавна и интересна, дури и за нас возрасните, активност на отворено. 🌱🌞🌏
💡💫 Со цел да дознаат, дали воздухот кој го дишеме е чист или загаден, 🌡🧪 како и да разберат дека, значаен број на загадувачи на воздухот се невидливи, 🌪заедно со нивните учителки од градинката направија експеримент на отворено. Сѐ што им беше потребно за да направат импровизиран мерач на загаденост на воздухот беше: една пластична чинија, маркер, вазелин, нешто за врзување на пластичната чинија. И, како поточно се одвива процесот на набљудување?! 🙂 Ќе мора да ги распрашате или пак, заеднички да го повторите експериментот. 🙂 Приклучете нѝ се!
Активностите на отворено се организираат во рамки на “Glow Project” кој, освен во Македонија, се спроведува во Данска, Кипар, Португалија и Словачка. Проектот е поддржан преку #ErasmusPlus програмата и истиот цели да поттикне едукативни активности со децата надвор – на отворено.
Еко Логик е партнер во овој проект.