Ѓубренко и хигиенка

Ѓубренко и хигиенка

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ЃУБРЕНКО И ХИГИЕНКА

Цел на активноста

  • Поттикнување на детето на идеи и впечатоци како во градот се собираат отпадоци, како се чистат улиците, каде се носи отпадот. Развивање на чувство за чиста околина, и зачувување на истата.

Стандарди:

  • Детето може да слуша и разбира говорен јазик. Детето стекнува информации за средината и опкружувањето преку набљудување и манипулација. Детето покажува истрајност во преземените активности.

По серија слики им ја раскажувам приказната за Ѓубренко и хигиенка. Им раскажувам колку Ѓубренко бил необзирен и играјќи си на ливадата расфрлал ѓубре насекаде. Хигиенка не сакала да си игра со него се додека не го собере сето ѓубре и не го фрли во корпата за отпадоци. Му објаснила на Ѓубренко дека треба да фрламе ѓубре во корпа за отпадоци и да ја зачуваме ливадата чиста.

Потоа расфрламе хартии низ занималната и заедно со децата имаме еко акција –
го собираме ѓубрето што е на подот и го фрламе во корпата за отпадоци.

Со реализација на овие активности ќе поттикнеме кај децата да стекнуваат навика да слушаат додека им раскажуваме, читаме, да даваат одговор на соодветно прашање кое ќе им го поставиме.
Се надеваме дека уживавте во заедничките активности, а вашите деца стекнаа сознанија за природата како да се однесуваме за да ја зачуваме.

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.