Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ГИ ДЕЛИМЕ ЈАБОЛКИТЕ ПО БОЈА И ФОРМА
Цели на оваа активност се:
- Оспособување за воочување на сличности и разлики помеѓу овошјето обид за нивно групирање.
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- Две корпи, симболи, пластични играчки, слики од јаболки, неколку садови хартија во боја, ножички, лепило.
Купете јаболки или ако живеете на село, помогнете му на вашето дете да собере неколку паднати јаболки од дрвото на почвата. Ставете ги собраните или купените јаболка на масата или на подот заедно со неколку чинии со јаболкови бои ( црвена,жолта,зелена). Побарајте од детето да ги оддели јаболките по боја секако со ваша помош и асистенција. Детето може да го направи ова неколку пати и со повеќе обиди. Вие пресечети ги јаболката на половина но да останат во целина и побарајте од детето да ги подели на половина воедно зборувајте му и укажувајте му за бојата така најлесно ќе ја воочи разликата помеѓу црвеното и зеленото јаболко .
Поставувајќи му прашање кое со поттик вие ќе му го одговорите прачувајте го детето по што се разликуваат овие јаболка едни од други или нека Ви го покажува она што го воочува.
Можете исто така да исечете сликата на јаболка на два дела и така измешани дозволете му на детето да се обиде да ги најде деловите кои недостасуваат и воедно да формира една целина.
Поттикнете го детето на класифицирање по боја на начин прикажан како на сликата со бр.3. На неколку садови тегли и сл.залепете симбол на јаболко по боја еднаква како и со онаа во корпата на страна. Побарајте од детето да ја пронајде истата боја на јаболко и да ја стави во истиот сад.
Ако денес не можете да излезете да купите јаболка, целата активност може да се направи со капачиња од шишиња во различни бои. Побарајте од детето да најде работи во куќата кои имаат иста или слична боја.
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА