Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ФОРМА И ОБЛИК НА ЗЕЛЕНЧУК
Цели на оваа активност се:
- Формирање на вештини за класификација и серијација,
- развивање на прецептивните и сознајните способнсти ,
- усовршување на природните форми на движење
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- Сезонски зеленчук, листови хартија, дрвени боички
Дајте му на детето два различни видови на зеленчук на пример зелка и морков и поттикнете го тоа самото да ги каже сите карактеристики, сличности и разлики помеѓу двата зеленчука. На пример каква форма има зелката а каква морковот, каква боја се, дали се тврди или меки, дали имаат ист или сличен вкус. На ист начин продолжете со активноста и со друг вид на зеленчук, земете грашок кажете ги неговите карактеристики (има лушпа, внатре, има зрнца, споредете со друг зеленчук итн) Потоа како следна активност можете да се обидете зеленчукот да го нацртате заедно со детето следеејќи ја формата и обликот на зеленчукот.
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.