Фармер Чува А Што Добива

Фармер Чува А Што Добива

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ФАРМЕР ЧУВА А ШТО ДОБИВА

Цели на оваа активност се:

  • Стекнување и примена на нови знаења,
  • развивање на желба за учење,
  • запознавање со домашните животни и нивните продукти за човекот,
  • развивање на ситна моторика

Потребен материјал:

  • Слики со домашни животни,
  • памук,
  • хартија,
  • ножички,
  • лепило

Поттикнете го детето да размислува за тоа што се добива од некои домашни животни а е корисно за човекот. Прашајте го детето на пример што се добива од кокошката а што од кравата, детето нека ви даде одговори. Понатака преку разговор можете да напоменете како млекото од кравата може да го искористиме за правење на млечни производи итн. Разгледајте ги сликите од примерите каде што се претставени животните и продуктите кои се корисни за човекот. Обидете се да направите домашно животно овца притоа објаснете што се добива од овцата (млеко за млечни производи и волна).

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА