Фармер Чува, А Што Добива

Фармер Чува, А Што Добива

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ФАРМЕР ЧУВА, А ШТО ДОБИВА

Цели на оваа активност се:

  • Идентификување на користа од животните, запознавање и препознавање

Потребен материјал:

  • Сликовница со фарма, боенка, сложувалка

Разговарајте со детето додека ја прелистувате сликовницата или друг сликовит материјал со домашни животни задржете се на неколку видови пр. Крава, овца, кокошка.

Кажете им дека живеат на фарма таа преставува за нив дом во кој сите заедно живеат. Додека зборувате за нив кажете им дека истите ги чува чичко фармер кој се грижи , чува, негува и храни а тие за возврат даваат млеко, јајца, волна).

Дадете му боенка на детето со исти мотиви или дрвена сложувалка со домашни животни при редење побарајте тоа самото да ги повторува жиотните со цело име или пак со звук можете за утврдување на информациите да го прашувате посоченото животно што дава од себе .

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА