Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ФАРМЕР ЧУВА А ШТО ДОБИВА
Цели на оваа активност се:
- Запознавање со грижата на човекот кон животните,
- стекнување на сознание за полза-корист од домашните животни.
Потребен материјал:
- Сликовници им книги со домашни животни.
- Слики од домашни животни,
- слики од производи кои ги добиваме од домашните животни,
- пристап до интернет,
- цртежи и боички.
Разговарајте со децата по дадените слики и поттикнете ги да ви кажуваат зошто човекот се грижи и ги чува домашните животни, каква корист има од нив.
Објаснете им како се викаат местата каде се чуваат домашните животни (штала, бачило, трло, кокошарник, фарма…) Која храна ја јадат домашните животни: сено, слама,просо, ѓито, пченка, трева….
На you tube можете да најдете видеа со фарми и животни. Гледајте ги заедно видеата и поттикнете ги децата да кажуваат што воочуваат, гледаат.
Именувајте едно домашно животно пр. Крава и прашајте Што ни дава кравата? Одговор: млеко; Што се можеме да направиме или добиеме со преработка на млекото: јогурт, кисело млеко, путер, павлака, сирење, кашкавал… Прашајте ги и за другите домашни животни. Децата нека ви кажуваат, опишуваат каква корист има човекот од одредено домашно животно.
Објаснете ја хранливоста на производите кои ги добиваме од домашните животни. Потребно е тие производи да се застапени во нашата секојдневна исхрана.
Доколку сте во можност испринтајте цртежи на оваа тема а децата нека ги обојат по своја замисла. Поттикнете ги децата сами да ги цртаат производите кои човекот ги добива од домашните животни.
Уживајте во заедничките активности .
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА