Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ФАРБАЊЕ И ШАРАЊЕ НА ЈАЈЦА
Цели на оваа активност се:
- Повторна употреба на материјали од секојдневието и користење на истите во креативни цели се со цел добивање на шарено обоени јајца.
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- Јајца,
- салфетки,
- темперни боички,
- четка,
- вода,
- ластичиња.
Опис на активноста која можете да ја реализирате заедно со вашите деца кои се на возраст од 3 до 4 години.
Разговор со децата за претстојниот празник Велигден како и за карактеристиките на неговото прославување. Улогата на јајцето како симбол на празникот но и намената на самото јајце за време на празникот.
Запознавање на децата со материјалите и постапките на боење на јајцето. Каде најпрво децата ќе го обвиткаат јајцето со салфетка која на врвот ќе ја врзат со ластиче.
Потоа врз салфетката децата ќе нанесуваат различни бои по сопствен избор.
Откако ќе ги нанесат со навлажнета четка ја размачкуваат бојата по целото јајце односно салфетка.
Откако ќе се заврши целата постапка јајцето се остава да се исуши и откако истото ќе се исуши се отстранува салфетката и се добива шарено јајце.
Со реализација на денешната активност децата ќе ја зајакнат својата самодоверба односно ќе се гордеат со своите способности и повеќе ќе веруваат во своите способности.
Децата исто така ќе го зголемат интересот за учество во разни форми на визуелна креативност користејќи различен ликовен материјал односно реупотребувајќи го материјалот од секојдневието.