Дрвото Во Есен

Дрвото Во Есен

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ДРВОТО ВО ЕСЕН

Цели на оваа активност се:

  • Воочување на промените кај дрвото во есен ,паднати листови,пожолтени,исушена трева,
  • Развивање способност за воочување на промените и појавите во природата .
  • Поттикнување на љубопитност,креативност и самостојност.

Стандарди:

  • Детето стекнува информации за средината и опкружувањето преку набљудување и манипулација.
  • Детето ги набљудува и опишува карактеристиките на живиот свет.

Потребен материјал:

  • бел хамер, темперни бои, пластична чинија, сунгер.

На почетокот на децата им велиме ,,Ајде да погледнеме низ прозорецот да видиме какво е времето ,разговараме ,ги прашуваме дали има сонце,дали има листови на гранките ,каде паднале ,кое годишно време сме сега?-потопла облека јакни и сл.

Потоа однесете го детето на прошетка и воочете ги промените, паднати лисја, костени, пожолтена трева…. Каде се птиците? Каде отишле?….

Поттикнете го детето на љубопитност ,самостојност,креативност.
Заедно со детето соберете лисја и костени поттикнете го на натпревар.
На крајот во домот со ваша помош нацртајте дрво а детето со туткана хартија или мало сунгерче да отпечати есенски лисја.

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА