Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ДРВОТО – ДОМ НА ПТИЦИТЕ
Цели на оваа активност се:
- Учење на нови работи и искуства, напредок во говорот, загледување во печатени слики, развивање на комуникациски вештини
Потребни материјали:
- Бел лист хартија
- Дрвени боици
Активноста започнете ја со разговор со Вашето дете, за птиците кои птици ги познава, начинот на исхрана , и каде живеат птиците, поточно зошто дрвото е главен дом на птиците, и зошто велиме дека дрвото и птицата се вистински пријатели. Потоа заедно со Вашето дете можете да разгледувате печатени слики од птици додека разгледувате можете да му раскажете некоја случка од ваше доживување на пријателство со птица и дрво. Откако ќе завршите со разговорот со Вашето дете, можете да му прочитате една интересна приказна.
Дрвото и птиците
Една птица го замолила дрвото:
Дозволи ми, на тебе да се одморам . Одмори се рече дрвото. Дојде и втора птица и рече, дозволи ми на твојата гранка, да направам гнездо. Направи си – рече дрвото. Дојдоа тука уште многу птици, па си направија гнезда и летаа, скокаа и пееја како во своја куќа . Тоа го забележа трнливата грмушка, па му рече на дрвото: Ги пушташ тие птици, да скокаат по тебе, а мене ниедна не смее да ми пријде. Доброто дрво и одговорило . Јас не ги хранам моите гранки само за мене туку и на другите, и да им причинам радост , а тебе никој не те сака.
После оваа интересна и поучна приказна , понудете му на Вашето дете , да бои на бела хартија дрво со врапче, а при тоа да користи дрвени боички.
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.