Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ДРАМСКА ИГРА „ОДИ ДЕДО НОСИ СТАП“
Цели на оваа активност се:
- учество во колективни активности и интерпретација на предходно усвоени информации,
- да се развиваат способности за разбирање на значењето на изговорените зборови,
- да се проширува и збогатува детскиот речник.
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- Текст,
- хартиени апликации на стапче,
- слики,
- дрвени стапчиња или дрвени лажици.
Семејството преставува столб за правилен и здрав развој на децата. Разговајте со Вашето дете за членовите кои го сочинуваат вашето семејството.
Со помош на хартиени апликации на пластична цевка или стапче поттикнете го вашето дете да ги именува, препознава и опишува членовите од семејството како на сликата 1 или во домашни услови користејќи семејни фотографии.
Со помош на сликите 2, 3, 4 го запознаваме детето кој како се движи брзо или бавно кои ке ни помогнат за да навлеземе кон различното движење на дедото и внукот (бавно, брзо) преку игра.
Со помош на апликациите за дедото и внукот прикажани на сликата 05 децата ги запознаваме со текстот од играта
„Оди дедо носи стап“.
Оди дедо носи стап
Тапа-тупа-тап
А по него внукот мил
Цинцилин-цинцилин!
Кога пееме за дедото ја земаме апликацијата за дедото и на тапа-тупа-тап (бавно се движиме), а потоа за внукот неговата апликација и на цинцилин-цинцилин (брзи мали детски чекорчиња).
Со реализација на оваа активност се надевам дека овозможивме квалитетно поминато време со своето дете, стекнување на доверба, љубов и почит кон своите најблиски.
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.