Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ДОМАШНИ ЖИВОТНИ
Цел на активноста
- Запознавање со домашните животни и птици и нивните карактеристики
(изглед, движење, огласување, младенчиња).
Потребни материјали:
- Сликовница или книги со домашни животни,
- слики од домашни животни,
- гумени играчки-домашни животни,
- пристап до интернет,
- цртежи со домашни животни,
- боички.
Заедно со децата разгледајте ги и именувајте ги домашните животни. Поттикнете го детето да ви каже -имитира како се огласуваат домашните животни (ономатопеја).
Кравата се огласува со муууууу;
Овцата беееееее; козата мееееее….
Именувајте го семејството на одредено животно пр: Овен, овца јагне; Коза, јарец јаре …
Децата нека имитираат движења на домашни животни по нивен избор.
Разговарајте со децата како човекот се грижи и ги чува домашните животни.
На you tube можете да најдете и видеа со огласување на животните како и многу приказни за нив.
Заедно со децата откријте која храна ја јадат домашните животни. Од разни големи слики од домашни животни можете да направите сложувалка така што ќе ја исечете сликата (6-9) дела и ќе ги поттикнете децата да ја состават сликата.
Заедно разгледувајте ги книгите и сликовниците во кои се претставени разни домашни животни и насочувајте ги децата тие да ви кажуваат што гледаат и да поставуваат прашања за она што не им е јасно.
Доколку сте во можност испринтајте листови со цртежи од домашни животни. Децата нека ги обојат по своја замисла . Поттикнете ги самостојно да цртаат домашни животни по нивен избор, доколку ви побараат помош помогнете.
Доколку децата имаат гумени домашни животни и коцки поттикнете ги да направат фарма.
Уживајте во заедничките активности.
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА