Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ДИВИ ЖИВОТНИ ОД ДАЛЕЧНИТЕ КРАИШТА
Цели на оваа активност се:
- Запознавање со дивите животни (тропски и поларни) нивните карактеристики и потреби (изглед, движење, огласување, младенчиња)
Потребен материјал:
- Листови, дрвени боички, фломастери, слики, животни (играчки)
Стандарди:
- Детето може да научи нови работи и стекне нови искуства,
- Детето ги набљудува и опишува карактеристиките на живиот свет.
Активноста започнете ја со разговор со вашите деца за дивите животни од далечните краишта како тропски и поларни животни.Можете да користите и илустрации, слики и животни ( играчки) за да може детето полесно да ги запознае. Најпрвин набројте им неколку диви животни како тропски и поларни. Тропски животни (лав, слон, зебра, леопард, мајмун, змија, лав, кенгур и др. ) и поларни животни (бела мечка, пингвин, поларна лисица, поларен зајак, кит и други) паралелно покажувајте им ги сликите од животните. Кажете им дека некои тропски животни со пристигнување на зимата се повлекуваат во своите засолништа за да можат да ги поминат ладните денови. Доколу поларните животни ладното време ги тера да излезат на отворено кои се навикнати да живеат на многу ниски температури во Антарктикот. Доколку сте во можност испринтајте тропски и поларни животни за да ги избои по своја желба како и предлог, идеја да го гледаат едукативниот цртан Учиме со Биби и Боби – Диви животни. Се надевам дека уживавте во заедничката активност а вашето дете полесно ќе научи да ги препознае дивите животни. Заедно да учиме низ играта.