Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ДЕТСКО ОРО
Цел на активноста
- Негување на традиција, обичаи, љубов кон татковината.
- Развивање на чуство на ритам,
- Движење по однапред научена кореографија
Потребен материјал:
- Слики
- Цд со народна музика
- Цд плеар
- Лаптоп
Детско оро- Разговарајте со децата какви ора се играат кога одиме на свадба или друга прослава.
Покажете му едноставни чекори кога го играте орото.Повторувајте ги повеќе пати со цел детето да ги научи движењата.
Пуштете музика на пример „Македонско девојче „и уште со некои членови од семејството фатете се на оро.Правете ги движењата према ритамот на музиката од песната. Можете да го прашате детето и да го поттикнете да каже која песна Тоа сака да слуша.
Измислете движења и забавувајте се.
Раскажете им на своите деца за традицијата,обичаите, негувајте ја и развивате ја љубовта кон народното творештво.




Се надеваме дека ви се допадна денешната активност, а Вашето дете стекна сознанија за традицијата, културата, народното творештво- орото.
Во интерес на Вашето дете е да ги следите нашите објави
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.