ДЕТСКА ПЕСНИЧКА „МОЈАТА ФАМИЛИЈА“

ДЕТСКА ПЕСНИЧКА „МОЈАТА ФАМИЛИЈА“

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ДЕТСКА ПЕСНИЧКА „МОЈАТА ФАМИЛИЈА“

Цели на оваа активност се:

  • развивање на поимот за себе,
  • да се проширува и збогатува детскиот речник,
  • децата да ги препознаваат своите членови од семејството, да ги покажуваат и именуваат.

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • Текст, слика за семејство, кукли напрстоци, фломастер

Разговарајте со Вашето дете кој го сочинува вашето семејство преку семејни фотографии или преку слика 01.

Со помош на кукли напрстоци како на слика 02 или на самите прсти нацртајте ги ликовите од песничката со фломастер како на слика 03 и пејте им ја на детето. Поттикнете го и тоа да се вклучи заедно со вас да пее и да мрда со прстињата.

„Мојата фамилија“
Еве го таткото-строг и добар (палец)
Еве ја мајката-секогаш добра (показалец)
Еве го братчето- поголемото (среден прст)
Еве ја сестричката помалечката (до малa прсте)
Еве го бебето во лулката (мало прсте)
Еве ја мојата фамилија (цела рака)

Понудете му на Вашето дете да поиграте со кукли  и така заеднички со детето ке играте семејство. Играта ќе трае се додека има интерес кај детето.

Со реализирање на денешната активност се надеваме дека поттикнавме на развивање на поимот за себе, фантазијата, посветеноста кај вашето дете.

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА