Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
„Денот на планетата Земја“- Светски ден на планетата Земја
Цели на оваа активност се:
- Цел на оваа активност е всушност и самата цел на одбележувањето на “Денот на планетата Земја”, а тоа е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот, водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на енергенсите на планетата Земја.
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- Темперни бои, зелена и сина,
- Четка,
- Ножички,
- Лепак,
- Готов формат на круг(од хартија,лист претходно исечен),
- Готови контури на детски дланки кои претходно ќе ги исечете по облините на рачињата на вашето дете.
Во нашата градинка овој ден во изминатите години бил секогаш одбележуван преку разни манифестации. Имајќи ја во предвид ситуацијата со која се соочуваме, ќе се обидеме важноста на овој ден да ви ја доближиме на Вас и вашите и нашите најмили, дечињата.
За да ја сочуваме нашата Планета за идните поколенија да растат здрави и среќни ќе ви посочиме пример за Вашето дете, преку едукативни, модерни и забавни содржини на следните линкови:
Зошто треба да штедам вода?
2. Струјата се штеди.
3. Чист воздух, здравје за сите.
Воспитувањето започнува во домот а продолжува и правилно се насочува во предучилишните установи. За таа цел ние ќе ви упатиме неколку примери на однесување преку кои децата учат од вас, a воедно претставуват и еко-пораки:
Внимавајте како се однесувате со отпадоците.
Исклучувајте светло и други електрични потрошувачи.
Пешачете до градинка – работа, барем еднаш неделно.
Користете платнени торби – наместо пластични кеси.
Додека миете раце затворете ја славината.
Активноста може да ја надополните и со креативна изработка, детски труд.
Драги родители,поставете го пред децата готовиот исечен круг.
Со помош на четка обојте ги дланките на вашето дете, едната во сина, а другата со зелена боја, а потоа децата нека остават отпечаток од својата дланка на готовиот формат круг.
*Постапката нека ја повторат неколку пати се додека кругот не се обои. Оставете го кругот односно добиената планета Земја да се исуши.
Кога ке се исуши залепете ги веќе готовите рачиња како на прикажаната слика подолу.
Со реализација на оваа активност ќе помогнеме детето да добие појасна слика за изгледот на планетата Земја на која живее.
Се надеваме дека понудената активност и посочените видеа ви се допаднаа.