„Ден и ноќ“ – Сонцето се крие и појавува

„Ден и ноќ“ – Сонцето се крие и појавува

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

„ДЕН И НОЌ“ – СОНЦЕТО СЕ КРИЕ И ПОЈАВУВА

Цели на оваа активност се:

  • Проширување на сознанијата за Сонцето и Месечината
  • Сознанија за законитостите во природата
  • Воочување на разликите помеѓу денот и ноќта и нивните карактеристики

Потребен материјал:

  • Илустрации
  • Листови во боја
  • Бели листови
  • Ножички
  • Колаж
  • Лепило
  • Памук

Со децата најпрво разговарајте за тоа кога се појавува Сонцето, а кога Месечината, што се случува кога имаме Сонце, а што кога Месечина, по што се разликува денот од ноќта, што правиме кога е ден, а што кога е ноќ.

Поттикнете го детето да преку дадените илустрации Ви опише што прави кога е ден, а што кога е ноќ.

На вашето дете подгответе му бел лист, колаж-хартија, лепило, ножички, памук и материјали по ваш избор. Објаснете му дека на белиот лист треба да изработи “ден и ноќ”, листот нека го превитка на половина, на едната половина со лепило нека залепи црн колаж, а на другата син колаж. Со помош на боите од колажот или од обична хартија нека исече месечина, сонце, ѕвезди и нека ги аплицира на соодветните половини, а памукот може да го аплицира како облачиња. Побарајте од вашето дете да ви покаже што изработило и пофалете го за неговиот труд.

Во прилог ќе Ви понудиме неколку идеи за изработки на оваа тема:

Со реализација на оваа активност децата ќе стекнат поголема слобода при изборот на ликовен материјал, развивање на креативноста, самостојност во работата и истрајност, односно целосно и до крај да ја завршат активноста.

 

Уживајте во заедничките активности!

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА