Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ДЕДО МРАЗ НИЕ СМЕ ВРЕДНИ
Цели на оваа активност се:
- Стекнување на доверба во своите можности градејки го својот идентитет.
- Развој на фина моторика.
- Потикнување на истрајност и креативност кај детето.
Потребен материјал:
- Новогодишни капи или круни.
- Лепак и украсни Новогодишни апликации.
- Печатен материјал, сликовници со Дедо Мраз.
Во новогодишен амбиент и слики од Дрдо Мраз и слики од новогодишна елка започнувате разговор со децата, ги потикнувате да го опишат Дедо Мраз со кратки прашања:
- Каде е Дедо Мраз (да покажат на слика) ?
- Каква боја е облеката на Дедо Мраз ?
- Што носи на нозете ?
- Што има на главата ?
- Што носи во торбата ?
Заедно со вашите деца украсувајте ги новогодишните капи потикнете ги да му покажат на Дедо Мраз колку се вредни и истрајви во работата. А вредните деца ќе добијат подароци од Дедо Мраз.
Ако имате повеќе новогодишни капи, дајте му детето да направи избор. Понудете новогодишни апликации или сликички, и помогнете му на детето да го залепи украсот на капата.
Пред огледало детето позира, коментира “ЈАС” – кој има капа? “ЈАС” – Кој е убав? “ ЈАС” и со тоа ја учи заменката “ЈАС” со која се поистоветува.
Песни за Дедо Мраз и Новата Година ќе го комплетира новогодишното расположение за вашето дете да биде исполнето и среќно.
Играјте и забавувајте се со вашите деца, да ве почуствуваат низ игра со која ќе ја поттикнете нивната самодоверба и задоволство што заедно го поминувате времето во љубов, работа и игра.
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА