ДА СЕ ЗАПОЗНАЕМЕ

ДА СЕ ЗАПОЗНАЕМЕ

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ДА СЕ ЗАПОЗНАЕМЕ

Цели на оваа активност се:

  • Детето да се поттикнува на културно однесување при стекнување на нови познанства;
  • Да го кажува своето име и презиме при запознавање со други деца или возрасни.

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • Постираните слики,
  • хартија за цртање,
  • боички по сопствен избор,
  • испринтани цртежи или слики,
  • ракавици, ножици,
  • лепак,
  • разни ткаенини и волница.

Со своето дете разговарајте за неговите другарчиња од градинката или од маалото каде живеете, нека ви каже како се викаат како тие се викаат. Објаснете му дека секогаш постои можност да се запознае со други деца или возрасни. Кажете му како треба да се претстави – со цело име и презиме. Доколку вашето дете сака да го викаат со скратено име, кажува и како сака да го викаат.

За да го поттикнете и научите детето организирајте игра „запознавање“ каде вие возрасните се претставувате на детето а детето ви се претставува вам. Вклучете ги сите членови на семејството во играта, при тоа внимавајте на културно однесување и пријатен тон на гласот.

Покажете му на детето како треба да се поздравува.  (соодветно на моменталните услови на живеење, дали ќе биде со ракување, со допир на лакот, со допир на тупаница, кренати палци или симболично покажување на срце со прстите и дланките)

Можете на децата на внатрешниот дел од прстите да им нацртате ликови и прстот да стане кукла и децата ќе си измислуваат имиња на прстите. Доколку сте во можност испринтајте цртеж со ликови за да направите направете кукли за прсти. Децата сами ќе си измислуваат имиња и ќе играат со куклените прсти.

Во прилог имате  цртежи да испринтате и зедно со детето да направите кукли за прсти.

Бидете креативни заедно со детето  направете  кукли од ракавици и разни материјали, декорирајте ги по своја замисла.

Се надеваме дека ќе уживате во заедничките активности, а Вашето дете ќе се стекне со  навика за културно претставување при запознавање со деца и возрасни.

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА