ЦРТАЊЕ НА АСФАЛТ

ЦРТАЊЕ НА АСФАЛТ

ЈУ Детски културен центар „Карпош“ и оваа година традиционално ја организира манифестацијата  „Цртање на асфалт“ по повод 24 мај, денот на македонските просветители Св. Кирил и Методиј.

Манифестацијата како и изминатите години беше со единствена цел децата да нацртаат убави, весели и креативни цртежи по слободен избор и со нивните творби како и досега да ја изразат својата креативност и фантазија.

Цртежите можеа да бидат нацртани надвор на плочник, во двор, на хартија или на други места кои им се достапни на децата.

Им се заблагодаруваме на нашите дечиња и нивните родители кои ни овозможија да учевствуваме на оваа манифестација.

Во продолжение следат ден до сликите кои ни ги испративте.

Со почит.
Стручен тим на ЈОУДГ „11 Октомври“, Скопје