Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ЧИЧКО ПОШТАР
Цели на оваа активност се:
- Запознавање со работата на луѓето во околината, запознавање со професијата Поштар, институцијата Пошта.
- Збогатување на речникот кај децата со користење на учтиви зборови-повели, благодарам.
- Поттикнување на интерес кон физичкото образование.
Активноста ја започнувам со разговор со децата за најубавиот период во годината ,а тоа е Нова година и акцент ставаме на испраќање на честитките о професијата Поштар.
По серија слики раскажувам за професијата Поштар и за чичко поштар, кој и да врне и да вее и бура да коси, тој писмата и честитките радовно ги носи.
Потоа одиме во сала и ќе ја играме играта – Најбрзиот поштар.
Во салата поставувам поштенски коверти на далечина од 5м од стартната линија. Помеѓу ковертите и стартната линија поставив шведска греда и шведска клупа на оддалеченост од 1,5м. Децата се построени во редица. На мој повик кој поштар е најбрз, децата со одење се провлекуваат под шведската ниска греда, ја пречекоруваат шведската клупа, ја земаат поштата и со брзо одење по истиот пат се враќаат на своите места.
Со реализација на овие активности ќе ја поттикнеме и развиеме љубопитноста кај децата, како и јакнење на целата моторика, истрајноста и упорноста.
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.