По повод престојните новогодишни празници во периодот од 20-24.12.2021 година во сите пет објекти на ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел се одржа новогодишната представа “Во работилницата на Дедо Мраз”. Истата беше подготвена и реализирана од воспитно-образовниот кадар на градинката, а задоволството и среќата најдобро се гледаа на детските лица.
Категорија: <span>Активности со деца во нашата градинка</span>
Музички концерт “Писмото од кралот”
На 20ти и 21ви септември во сите објекти на нашата градинка “11 Октомври”- Бутел се одржа музичкиот концерт на македонски и албански јазик со наслов “Писмото од кралот”. Детските насмеани лица и нивната среќа покажаа дека музичко-театарската група “Триангл пулс” успеа во своите добри намери. Воедно со музичкиот концерт најавивме уште една успешна воспитно-образовна година...
Манифестација “Движи се за здравје”
ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел, Скопје учествуваше на манифестацијата “Движи се за здравје”. Детскиот културен центар „Карпош“ во соработка со Град Скопје организираше манифестација „Движи се за здравје“, како дел од Европската недела на движењето, која се одржа на 22.09.2021.Сите заедно порачавме дека нашето здравје ни е најважно и затоа спортуваме и ќе спортуваме, но најважно од...
Одбележување на патрониот празник на градинката
На 08.10.2021 година нашата градинка ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел го прослави патрониот празник. По тој повод во објектот “Страшо Пинџур” се одржа свечена приредба на која земаа учество групи на деца од сите објекти на нашата градинка. Патронатот се одржа под мотото “Нашата волшебна градинка”. Воедно со овој свечен настан низ игра, песна и смеа се...