Детската недела и патрониот празник на нашата градинка “11 Октомври” – Бутел, дечињата и вработените ги одбележаа со музичко – сценскиот перформанс “Приказна за сонцето и месечината”. Децата се центарот на нашето внимание, огледало на нашиот труд и неисцрплив извор на енергија и мотивација.
Категорија: <span>Активности со деца во нашата градинка</span>
Европска недела на мобилност 2022 на тема “Подобри врски”
Европската недела на мобилност 2022 на тема “Подобри врски” во периодот од 16.09 до 22.09.2022 година беше одбележана со низа активности во сите објекти на ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел. Дечињата од објектот Страшо Пинџур на покана на ЈУ Детски Културен Центар Карпош на 21.09.2022 година учествуваа во манифестацијата “Движи се за здравје”. Манифестација од забавно рекреативен...
Дечињата од градинка “11 Октомври” во посета на резиденцијата на ЕУ
Во рамки на изложбата “Розови тигри и златни гуштери и што уште не”, Резиденцијата на ЕУ имаше несекојдневни посетители. Дечиња од нашата градинка “11 Октомври”-Бутел на претходната покана на амбасадорот Дејвид Гир беа гости во Резиденцијата на ЕУ и ја збогатија градината со своето весело присуство а изложбата ја надополнија со печати од природата. Прекрасно...
Натпревар на младински иницијативи за животна средина и климатски промени
„Еко Логик“, во рамките на проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“, спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка на Шведска во периодот од 25.03.2022 до 20.05.2022 година, организираше Натпревар на младински иницијативи за животна средина и климатски промени. Повикот...
Одбележување на „15-ти мај Меѓународниот ден на семејствата“
15 ти мај Меѓународниот ден на семејствата одбележан во градинката “11 Октомври”-Бутел во Објект Бутел 1. Децата во дворот на градинката заедно со своите учителки, родители, градоначалникот на Општина Бутел и претставници на општинската администрација цртаа на тема Семејство користејки разни техники. Одбележувањето на овој ден ја нагласува важноста на семејството како основна единица во...
Одбележување на „5 Мај – Ден на македонската азбука“
Денот на усвојувањето на азбуката на македонскиот јазик 5-ти мај со низа на разни активности беше одбележан во сите објекти на ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел. Македонската азбука како официјално и единствено писмо на македонскиот јазик е нашата најкомплетна татковина која треба да се негува. Затоа децата уште од мали нозе се воведуваат во писменоста и постепено...
Одбележување на „Светскиот ден на здравјето 7-ми април“
Светскиот ден на здравјето 7-ми април се одбележа во сите објекти на ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел. Дечињата со голем интерес и радост ги проследија едукативните предавања од страна на нашите поканети гости (лекари, медицински сестри, заболекари), а истовремено се збогатија нивните знаења за професијата на здравствените работници и значењето на истата.
Проект за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени
Во текот на период од октомври- април 2021-2022 во рамките на Нашата градинка се спроведува проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени’’ спроведуван од УНИЦЕФ и Здружение на граѓани за заштита и унапредување на животната средина “ECO – LOGIC”...
Балското фустанче на жолтото глуварче
На ден 21.03.2022 година дечињата од нашата градинка на РЕ Чаир уживаа во музичко-сценски перформанс “Балското фустанче на жолтото глуварче” подготвен и реализиран од воспитниот кадар на ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел (РЕ Чаир). Целта и темата се поврзани со најавата на годишното време пролет со сета негова шареноликост од цвеќиња и инсекти. Заеднички со децата заклучивме...
Пролетта пристигна и во нашата градинка
Дечињата и вработените од сите објекти на ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел го одбележаа доаѓањето на пролетта. Низ песна, игра, драматизации и претстави проследени со многу детски насмевки и детски џагор се најави пролетта со сите нејзини убавини кои ја следат. Радоста и задоволството од сите одржани активности најдобро се гледа во детските очи кои се најдобрите...