По повод 24 мај денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј а на покана на ЈУ Детски културен центар – Карпош 10 дечиња од објектот Бутел 1 од нашата градинка учествуваа на манифестацијата “Цртање на асфалт”. Дечињата цртаа на просторот ПЛОЧНИК а воедно и се дружеа со децата од другите скопски градинки.
Категорија: <span>Активности со деца во нашата градинка</span>
ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023
Децата и вработените од сите објекти на ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел учествуваа во големата акција за чистење “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023” во која се вклучија 52 општини од државата. Се чистеа дворовите како и внатрешните простории на градинките а ѓубрето се селектираше во соодветни амбалажи. Целта е подигање на свеста на граѓаните за заштита на животнта средина.
Детската театарска претстава “Другаруваме”
На 27.04 и 28.04.2023 година во сите објекти на градинката “11 Октомври” – Бутел се одигра детската театарска претстава “Другаруваме” во соработка со Продукција Триангл Пулс. Многу детски насмевки, интеракција со глумците, пеење на едукативни песнички беа предизвикани од прекрасната претстава преку која децата учеа на основните бон-тон правила, важноста на другарството и играта наместо...
Детски пролетен фестивал по повод доаѓањето на пролетта
На 27.04.2023 година на покана на училиштето Јахја Кемал група дечиња од градинката “11 Октомври”-Бутел учествуваа на Детски пролетен фестивал по повод доаѓањето на пролетта. Дечињата се претставија со музичката точка “Чадот во градот” од Поточиња 2012. Многу игра, дружба и детски насмевки на фестивалот на кој учествуваа скоро сите градинки на територија на градот...
Ден на планетата Земја – празник на единствениот дом на сите животни
Ден на планетата Земја-празник на единствениот дом на сите животни. Се одбележува ширум светот на 22 април. Музички точки со теми за природата, цртање во разни техники, рециклирање на стара хартија, садење на цвеќиња и дрвца, фарбање на дрвјата во дворот со вар се дел од активностите со кои децата и вработените од градинката “11...
Glow Project – мерење на загаденост на воздухот
На 29 декември, минатата година, дечињата од ЈОУГД „11 Октомври“ од Бутел – Скопје, на возраст од три до пет годинки, заедно со наставничката Катерина Равојска учествуваа во многу, многу забавна и интересна, дури и за нас возрасните, активност на отворено. 🌱🌞🌏 💡💫 Со цел да дознаат, дали воздухот кој го дишеме е чист или...
Претстава “ДЕТСКИ МУЗИЧКИ УРНЕБЕС”
Дечињата од сите објекти на ЈОУДГ “11 Октомври”- Бутел ја проследија претставата “ДЕТСКИ МУЗИЧКИ УРНЕБЕС”. Главни забавувачи беа хумористот Војче Китановски, кукларот Валентино и куклите Марионети. Низ детските шеги, детските музички игри, смешните прашања, духовити одговори и натпреварувачки кореографии 60 минути дечињата уживаа, пееја и се смееја.
Посета на едукативната работилница “Фамилија Металковци”
Дечињата од големите воспитни групи од нашата градинка ЈОУДГ “11 Октомври” – Бутел, Објект Бутел 1 присуствуваа на едукативната работилница “Фамилија Металковци” во камерната сала на Филхармонија. Ваквите едукативни интерактивни работилници и концерти се редовна практика на Филхармониите насекаде низ светот. На работилницата беа претставени металните дувачки музички инструменти се со цел запознавање на најмладата...
13 Ноември „Ден на ослободување на Скопје“
Дечињата од нашата градинка ЈОУДГ “11 Октомври” – Бутел објект Бутел 1 по повод 13 Ноември „Ден на ослободување на Скопје“, заедно со своите учителки направија кратка прошетка низ центарот на градот Скопје. Прошетката низ плоштадот Македонија, фотографирање со споменикот на Александар Македонски, пешачење по Камениот Мост, Кејот на реката Вардар, како и фотографирањето со...
Светски ден на храната “16-ти Октомври”
„16-ти Октомври“ – Светскиот ден на храната е одбележан со низа активности во сите објекти на ЈОУДГ „11 Октомври“ – Бутел. Дечињата со своите учителки го посетија зелениот пазар, правеа овошни салати и подготвуваа зимница во тегли од разни зеленчуци, истовремено запознавајќи се со зеленчукот и овошјата и нивното значење во исхраната на луѓето. Храната...