„Часовник Тика-Така“-Времето си оди, а ние го следиме и мериме

„Часовник Тика-Така“-Времето си оди, а ние го следиме и мериме

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

„ЧАСОВНИК ТИКА-ТАКА“-ВРЕМЕТО СИ ОДИ, А НИЕ ГО СЛЕДИМЕ И МЕРИМЕ

Цели на оваа активност се:

  • Запознавање со часот како траење на некоја дејност,
  • Стекнување на елементарна претстава за основните временски релации.
  • Усогласување на движењата со движењата на другите, а во склад со ритмичката содржина.

Потребен материјал:

  • Разни видови на часовници
  • Илустрации од часовници
  • Уред за пристап до Youtube.com

Со децата ќе разговарате за деловите на денот. Што прават во текот на денот, како се будат наутро, кој ги буди, зошто е важно да станеме на време, или да пристигнеме на некое место точно на време. Дали користиме помагала (аларм на телефон, часовник.)? Што е часовник, за што служи, како изгледа, на кои уреди од нашето секојдневие има часовник?

На децата ќе им покажете илустрации од неколку видови на часовници и кратко објаснете им за секој од нив одделно.
Посочете им ги деловите на часовникот, стрелки (мала, голема и што ни покажуваат тие), а што означуваат бројките.

  • Часовник кој се користел порано и сега но многу ретко.
  • Песочен часовник
  • Часовник-будилник
  • Часовник кула
  • Улични часовници
  • Ѕиден часовник
  • Рачни часовници
  • Дигитални часовници

Часовник на мобилен телефон

Активноста може да ја надополните со пуштање на следната фестивалска песничка:

Активноста може да ја завршите со размрдување односно одење во круг, ги следиме стрелките на часовникот. Со оваа активност ќе им помогнете на децата да го разберат правецот на движење на стрелките на часовникот.

Со реализација на овие активности децата ќе стекнат знаења за постоење на временските односи и релации.

 

Уживајте во заедничките активности!

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА