Објект “ЧАИР “ (Матичен објект)

Објект “ЧАИР “ (Матичен објект)

Објект “ЧАИР “ ( Матичен објект ) е лоциран на улицата Втора Македонска бригада, б.б. во населбата Скопје – Север. Објектот е со капацитет од 180 деца, вкупно корисна површина од 1718 м2 и дворна површина од 3290 м2. Во овој објект има 9 занимални со спални и санитарни јазли. Објектот располага со сала со спортски реквизити и справи, 8 канцелариски простории, една соба за здраствен персонал, една тријажа, 2 чајни кујни, една централна кујна (од каде се дистрибуира храната за сите објекти), магацин, перална – шивална, една котлара, скривница. Објектот е на централно парно греење.

Објектот располага со следната површина:

  • внатрешна површина:   1.718 м2;
  • дворна површина:          3.290 м2;
  • вкупна површина:           5.008 м2.

Внатрешниот простор ги задоволува стандардите за успешно изведување на воспитно-образовниот процес. Станува збор за негувана и стимулирачка средина која им помага на децата да се развијат во сигурни и независни личности. Во занималните постојат катчиња или центри за активност како тематски структуриран простор кои нуди можност да децата учат на најразлични начини и ги реализираат индивидуалните и групни цели на учење: литературен центар; математички центар; центар за игри со конструктивен материјал; научен/истражувачки центар; уметнички центар; центар за игри со улоги, драматизација, куклени претстави; центар за изложување на детски творби.
Градинките поседуваат дворна површина која е добро одржувана и се користи за остварување на програмските содржини но и за игра и рекреација на децата.

Градинката нуди целодневен и полудневен престој на деца.
Целодневен престој e од 6.00 – 18,00 часот и го следи следниот ориентациониот распоред на денот :

  • прием на децата и слободни активности (игри по избор на децата)
  • утринска гимнастика
  • појадок
  • реализација на дневно планирање
  • ужина
  • реализација на дневно планирање
  • прошетки, набљудување и престој на воздух
  • ручек
  • попладневен одмор – спиење
  • ужина
  • реализација на дневно планирање
  • слободни игри
  • средување на занимална
  • заминување на децата

Секоја возраст има свој ориентационен распоред на денот

Полудневен престој е од 6,00 – 13,00 часот и ориентационо го има следниот распоред:
прием на децата и слободни активности

  • утринска гимнастика
  • појадок
  • реализација на дневно планирање
  • ужина
  • реализација на дневно планирање
  • прошетки , набљудување и престој на воздух
  • ручек
  • заминување на децата