Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
БОЛНАТА ВЕРВЕРИЧКА
Цели на оваа активност се:
- Елементарно оценување на карактеристиките на јунаците и вреднување на нивните постапки,
- оспособување за собирање и давање информации со другите.
Потребен материјал:
- Серија слики Болната верверичка,
- кутија,
- суви лисја гранчиња и др
Најпрво потсете се на дивите шумски животни . Кој се диви шумски животни (волк, верверичка, мечка, зајак, еж, лисица и др.) Разговарајте за тоа каде живеат , како живеат и што јадат. Потоа прераскажете им ја приказната “Болната верверичка”
Откако ќе им ја раскажете приказната разговарајте за јунаците во приказната и нивните карактеристики , за тоа кој и помогнал на верверичката и на кој начин.
Потоа заедно со вашето дете можете да направите легло за болната верверичка . Потребно е да имате една кутија и во неа да ставите суви листа и гранчиња . На крај можете да ја слушате детската песничка Болната верверичка .