Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ВОДЕНИ БАЛОНЧИЊА
Цели на оваа активност се:
- Поттикнување на креативност и имагинација преку игра со употреба на материјали од секојдневието.
- Поттикнување на децата кон истражување и експериментирање низ игра.
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- Мало пластично шише,
- Сламки,
- Гумено ластиче,
- Ножици,
- Пластичен сад,
- Вода,
- Средство за садови,
- Темперни бои,
- Чаши,
- Бел лист.
Опис на активноста која можете да ја реализирате заедно со вашите деца кои се на возраст од 3 до 4 години.

Водените балончиња или попознати како меурчиња од сапуница се мошне убави и ниту едно дете не би можело да им одолее. Разговарајте со вашите деца за игрите со вода ,што најчесто сакаат да прават, прашајте ги дали можеби правењето водени балончиња се едни од нивните омилени игри. Објаснете им како се создаваат, дека можат да бидат со различна големина, да ја менуваат бојата што ги прави уште повеќе волшебни.

Откако ќе завршите со изработката во пластичен сад подгответе густа сапуница од вода и средство за садови. Помогнете му на вашето дете да го потопи надворешниот дел од цевките, а потоа од каде што е пресечено шишето нека дувне. Од цевките ќе се разлетаат разновидни балончиња.
Разговарајте со децата за нивните доживувања од оваа игра.

Но, тоа не е се… за уште повозбудлива игра и забава со децата направете ги следниве балончиња со палета од бои.
Во пластични чаши ставете од истата течност и додадете темперни бои. Спојте неколку цевки со пластично ластиче или самолеплива трака. Едниот крај од цевките децата нека го потопат во чашата со бојата која ја сакаат, а од другиот крај на цевките нека дуваат, така што балоните ќе ги отсликаат на бел лист и на тој начин ќе добијат и свој ликовен труд.
По завршувањето на активностите поттикнете ги децата да Ви се пофалат што изработиле.