Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
БАСНА – „ЛИСИЦАТА И ГРОЗЈЕТО“
Цели на оваа активност се:
- Запознавање со вид на литературна творба “басна“,
- Слушање и разбирање на литературни творби,
- Збогатување на емотивните искуства на детето.
Децата најмногу сакаат да го слушаат (читањето) раскажувањето на бајките, приказните во кои се опишани разни доживувања и авантури. Најпрво објаснете му на детето што е тоа „басна“. Тоа е литературна творба во која ликовите се животни, но имаат карактеристики и однесување како луѓето. Животните во басната зборуваат, размислуваат и се однесуваат како луѓето. Прочитајте ја басната на своето дете. Додека читате, покажувајте ги приложените слики.
Еден ден додека сонцето блескаше на убавото сино небо, госпоѓицата лисица се разбуди задоволна и, наведнувајки се низ прозорецот од својата соба, почна да ја набљудува рамнината која се гледаше оттаму. Се блескаше тоа утро.
Лисицата помисли дека на толку убав ден ридот ќе биде полн со зајаци и дека би било најдобро да излезе и да
ги лови. Брзо излезе, мислејки на тоа колку од тие животинки сигурно ќе фати, бидејки се сметаше за многу
вешт ловец.
Од друга страна, бидејќи зајачињата од ридот отсекогаш знаеја за намерите на лисицата, беа претпазливи и кога видоа дека се приближува лисицата, ги погодија нејзините мисли. Сите зајаци претпазливо се скрија во своите дувла.
Некои млади зајаци ја натераа лисицата во убава трка, која веруваше дека може да ги фати, но подвижните животинки секогаш ја заметуваа трагата се до оној миг кога лисицата речиси не можеше да се додржи на нозе од умор.
Мошне задоволни што се забавуваа на сметка на лисицата, младите зајаци се смееја и се потсмејуваа во хор.
– Пих! Не ми се допаѓаат зајаците, не се нежни!
На пат кон својот дом мина кај еден голем имот каде што, висејќи на огромна винова лоза, се гледаа прекрасни златести гроздови. И светна идеја. Разгледа наоколу да се увери дали сопственикот на имотот е во близина.
Кога виде дека никој не ја гледа, се залета и се обиде со еден скок да фати грозд. Еден, два, три…дваесет пати безуспешно се обидуваше лисицата да го дофати грозјето!
И покрај многуте обиди, таа не можеше да го дофати, бидејќи беше премногу високо. Најпосле исцрпена од напорот, рече:
– Пих! Не сакам да го јадам не е зрело!
Исто така, тетка лиска остана и без зајаци и без грозје, никако не сакаше да признае дека тоа е поради тоа што е немоќна и невешта.
Поттикнете го детето да ви опишува што гледа на сликите.
Поттикнете го детето да слика со прст на контура од грозје со виолетова темперна боја. Следат контура на грозје и постапка на изработка
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА