Денот на усвојувањето на азбуката на македонскиот јазик 5-ти мај со низа на разни активности беше одбележан во сите објекти на ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел. Македонската азбука како официјално и единствено писмо на македонскиот јазик е нашата најкомплетна татковина која треба да се негува. Затоа децата уште од мали нозе се воведуваат во писменоста и постепено...
Author: Веб Уредник (Веб Уредник)
Одбележување на „Светскиот ден на здравјето 7-ми април“
Светскиот ден на здравјето 7-ми април се одбележа во сите објекти на ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел. Дечињата со голем интерес и радост ги проследија едукативните предавања од страна на нашите поканети гости (лекари, медицински сестри, заболекари), а истовремено се збогатија нивните знаења за професијата на здравствените работници и значењето на истата.
Проект за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени
Во текот на период од октомври- април 2021-2022 во рамките на Нашата градинка се спроведува проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени’’ спроведуван од УНИЦЕФ и Здружение на граѓани за заштита и унапредување на животната средина “ECO – LOGIC”...
Балското фустанче на жолтото глуварче
На ден 21.03.2022 година дечињата од нашата градинка на РЕ Чаир уживаа во музичко-сценски перформанс “Балското фустанче на жолтото глуварче” подготвен и реализиран од воспитниот кадар на ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел (РЕ Чаир). Целта и темата се поврзани со најавата на годишното време пролет со сета негова шареноликост од цвеќиња и инсекти. Заеднички со децата заклучивме...
Пролетта пристигна и во нашата градинка
Дечињата и вработените од сите објекти на ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел го одбележаа доаѓањето на пролетта. Низ песна, игра, драматизации и претстави проследени со многу детски насмевки и детски џагор се најави пролетта со сите нејзини убавини кои ја следат. Радоста и задоволството од сите одржани активности најдобро се гледа во детските очи кои се најдобрите...
Новогодишна претстава за дочек на Новата 2022 година
По повод престојните новогодишни празници во периодот од 20-24.12.2021 година во сите пет објекти на ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел се одржа новогодишната представа “Во работилницата на Дедо Мраз”. Истата беше подготвена и реализирана од воспитно-образовниот кадар на градинката, а задоволството и среќата најдобро се гледаа на детските лица.
Музички концерт “Писмото од кралот”
На 20ти и 21ви септември во сите објекти на нашата градинка “11 Октомври”- Бутел се одржа музичкиот концерт на македонски и албански јазик со наслов “Писмото од кралот”. Детските насмеани лица и нивната среќа покажаа дека музичко-театарската група “Триангл пулс” успеа во своите добри намери. Воедно со музичкиот концерт најавивме уште една успешна воспитно-образовна година...
Манифестација “Движи се за здравје”
ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел, Скопје учествуваше на манифестацијата “Движи се за здравје”. Детскиот културен центар „Карпош“ во соработка со Град Скопје организираше манифестација „Движи се за здравје“, како дел од Европската недела на движењето, која се одржа на 22.09.2021.Сите заедно порачавме дека нашето здравје ни е најважно и затоа спортуваме и ќе спортуваме, но најважно од...
Одбележување на патрониот празник на градинката
На 08.10.2021 година нашата градинка ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел го прослави патрониот празник. По тој повод во објектот “Страшо Пинџур” се одржа свечена приредба на која земаа учество групи на деца од сите објекти на нашата градинка. Патронатот се одржа под мотото “Нашата волшебна градинка”. Воедно со овој свечен настан низ игра, песна и смеа се...