Асфалт На Улица

Асфалт На Улица

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

АСФАЛТ НА УЛИЦА

Цели на оваа активност се:

  • Поттикнување на детето да ги користи движењата на прстите и дланката за конкретна цел;
  • Воочување на можностите на ликовните материјали и самостојно ракување со нив;

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • Илустрации ;
  • Темпера;
  • Четки;
  • Сад со вода;
  • Лист за сликање;
  • Самолепливи сообраќајни знаци.

Активноста ја започнуваме низ разговор со децата преку низа прашања за да утврдиме до кај се нивните познавања за улицата односно за асфалтот на улица.

Што е улица и за што ни служи таа?

Како се прави улицата?

Што има на улицата што е многу битно за нас?

На улицата ќе утврдиме дека мора да има семафор но доколку нема мора да постои пешачки премин преку кој би поминале.

Сообраќајниот полицаец ако е на улицата ни кажува кој и кога има предност да помине.

Знаците се исто така битни за да се информираме.

Низ игра со кукла ќе демонстрираме како треба да се поминува улицата и на што да внимаваме?

На наредните слики побарајте од детето да ви каже кои од децата постапуваат правилно ?!?

Кој е постапува според правилата , а кој не?

Со молив детето на белиот лист треба да исцрта улица каква што замислило.
Потоа со белата и црна темпера со нивно мешање ќе гледаме да добиеме боја приближна на асфалтот,темно сива…
Ќе ја обоиме улицата и штом се исуши со бела боја ќе ги цртаме линиите во средина и пешачките премини каде што детето си ги замислило.

Самолепливи сообраќајни знаци и семафори ќе додадеме заедно каде што сака детето.

Ќе оставиме добро да сеисуши.

Активноста ја завршуваме со наредната слика и разговор околу наредната слика.

Верувам ќе придонесеме за развојот на сообраќајната култура и спсобноста за размислување и збогатување на искуствата со нови знаења, вештини и учење кај децата.

Ви посакувам успешна активност, верувам дека задоволството при оваа активност кај децата ќе биде на високо ниво.

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.