Аплицирање на пиле

Аплицирање на пиле

 

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

Аплицирање на пиле

Цели на оваа активност се:

  • Стекнување на фината моторика кај децата.
  • Активирање на детската фантазија
  • Стекнување сознание за функцијата на моторни вештини кај децата.

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • Готова контура на пиле или било кој велигденски мотив
  • пченка, пуканки,грав,ориз и сл
  • лепило

Опис на активноста која можете да ја реализирате заедно со вашите деца кои се на возраст од 4 до 6 години.

На детето најпрво испринтајте му (доколку сте во можност) слика на пиле.

На готова претходно нацртана или испринтана контура од пиле, со лепило лепиме пченка, пуканки, грав, ориз и.т.н по ваш избор.

Во активноста покрај дадениот пример можете да изработите и велигденски мотиви по сопствен избор. На дечињата може слободно да помогне и родител.

Со реализацијата на овие активности ќе ја поттикнеме и развиеме љубопитноста и креативноста кај вашето детето. Како и јакнење на фината моторика кај детето, истрајноста и упорноста.

Се надеваме дека уживавте во заедничките активности а Вашето дете стекна сознанија за престојниот христијански празник Велигден преку реализација на оваа активност.

Во интерес на Вашето дете е да ги следите нашите објави.