Со своето дете разговарајте за неговите другарчиња од градинката или од маалото каде живеете, нека ви каже како се викаат како тие се викаат.

КАКО СЕ ПОЗДРАВУВА
Започнете ја активноста така што ке му појасните на детето дека луѓето се поздравуваат едни со други како знак за почит помеѓу себе и дека на тој начин градиме релации едни со други.

ЈАС СУМ ЈАС (МОЕТО ИМЕ, МОЈОТ СИМБОЛ)
Започнете ја активноста преку разговор со вашето дете, поттикнувајќи го да размислува за себе во однос на другите преку прашања што имаме слично а што различно со другите на пр. имаме иста боја на очи со некој...

СТИХОТВОРБА „КАКО СЕ ПОЗДРАВУВАМ“
За денешната активност во прилог Ви подготвивме две кратки стихотворби во контекст на насловот...

„ЈАС СУМ ЈАС – МОЕТО ИМЕ МОЈОТ СИМБОЛ“
Одберете ја омилената сликовница и додека ја читате посочувајте на тоа каде има текст а каде е илустрацијата. Ние Ви ја нудиме повторно снежана и седумте џуџиња особено делот на запознавање на Снежана со џуџињата.

ВОЛШЕБНО ОГЛЕДАЛО
Преку разговор поттикнете го своето дете да ви ги каже основните податоци за себе: име, пол, возраст... Да се опише како изгледа: каква боја на очите има, каква коса, каква облека носи...

ВОЛШЕБНО ОГЛЕДАЛО
Потребно ке ви биде огледало од домот, застанете прво Вие пред огледалото и кажете како денес се чувствувате притоа правеејќи соодветна гримаса или гестикулација, поттикнете го детето потоа да повтори според вашиот пример, како на пр

СЕМЕЈНО ДРАМСКА ИГРА „ВОЛШЕБНО ОГЛЕДАЛО“
Дајте му на вашето детенце огледало нека се огледува во него и поттикнете го да ви кажува што гледа. Нека детето со ликот искажува разни емоции гледајќи се во огледалото

ДОБАР ДЕН, ЈАС СЕ ВИКАМ..(ПРСТОТ СТАНУВА КУКЛА)
Организирајте заедно со детето мини куклена претстава на тој начин што прво ќе изработите кукли-напрстоци, како на примерите подолу на сликите.

ПЕСНА – ВЕЖБАЊЕ
Со детето започнете разговор и побарајте да ви опише која игра му е најомилена кога игра надвор со своите другарчиња. Објаснете му на детето колку е битна играта и дружењето како и престојот на воздух.

ЈАС СУМ ВЕСЕЛ
Разговарајте со вашето дете за тоа што во него буди позитивно и весело расположение т.е кога е тоа весело, поттикенете го да ви даде што повеќе примери, наведете и вие ваш пример.

СОЦИЈАЛНА ИГРА СО КУКЛИ “ДОБАР ДЕН ЈАС СЕ ВИКАМ”
Оваа активност може да ја реализирате осмислувајќи мала куклена игра „Добар ден, јас се викам“. За оваа куклено-социјална игра ќе Ви биде потребна помош од кукла или плишан јунак од омилениот цртан филм.