Цели на оваа активност се:
- Уредување на дворот во градинката.
- Цртање на плочникот во градинката со забавни игри за децата(цвеќе, бројки, геометриски фигури, раце, нозе, смајли, танцувај по мене).
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- Бои, четки, разредувач,
- поликолор,
- ракавици.
Во период кога градинките не работат поради пандемијата на Ковид -19, сепак ние Вашите учителки и во тој период мислевме на Вас драги дечиња да ви посакаме топло добре дојде.
Го исцртавме плочникот во градинката со забавни игри наменети за Вас драги дечиња, но не само плочникот ги преуредиме и збогативме декорот на нашите занимални, ходници, ја преуредивме градината во детската градинка.
Мили наши дечиња, со нетрпение го очекуваме денот кога повторно ќе се сретнеме во градинката и ќе уживаме во игрите во дворот.
Во продолжение следат дел од нашите изработки:
Со љубов и топлина за нашите најмили,
Со почит колективот на Р.Е „Ташко Караџа“.