Цели на оваа активност се:
- Оплеменување на дворот со површини наменети за игра на децата (коцкана, геометриски форми, броеви, букви, инсекти ,воз).
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- Бои, четки, креди, гребло, мотика, лопата и други градинарски алати.
Воведувајќи ги шарените нијанси во нашиот двор, целиме кон будење и развивање на детската фантазија како и исцртување на насмевка на нивните лица, со што ќе се зголеми и желбата за посета на нашата градинка.
Со посветеноста на нашата тимска колективна активност се погриживме за топло добредојде на дечињата и безбедно враќање во градинката. Ве сакаме и наскоро ве очекуваме заедно да си играме и да продолжиме да работиме каде што застанавме.
Во продолжение следат дел од нашите изработки:
Со љубов и топлина за нашите најмили,
Со почит колективот на Р.Е „Страшо Пинџур“.