Светскиот ден за грижа на здравјето (07.04.2025г) го одбележавме со посета на поликлиниката Чаир.

Светскиот ден за грижа на здравјето (07.04.2025г) го одбележавме со посета на поликлиниката Чаир.

По повод  Светски ден на здравјето — ден посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот кој се одбележува на 7 април дечињата на возраст од 3 до 6 години заедно со воспитувачот Ениса Хасиќ и негователката Снежана Јаневска ја посетија ординацијата за стоматологија. Докторката Аделина Винца и мед. сестра Весна Стојчевска и ги запознаа децата со инструментите кои ги користат и ги прегледаа забите на дечињата. Докторката им објасни на децата колку е важно да се одржува хигиената на забите за да останат здрави. Им посочи на децата редовно да посетуваат стоматолог за да ги контролаат своите заби. Само со редовна хигиена на забите и редовна посета на стоматолог сите ќе имаат здрави заби.