Во пресрет на Новата 2025 Година дечињата од сите објекти на ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел ја проследија изведбата на музичко-драмската претстава “Желба” од страна на Продукција Триангл Пулс. Дечињата се фотографираа со Дедо Мраз кој им ги подели новогодишните пакетчиња и си посаака многу здравје, среќа и убави моменти во Новата Година. Вработените и децата од РЕ Бутел 1 спремија и одиграа интерактивна претстава “Пиши му на Дедо Мраз” после која следеше Новогодишен базар за родителите.
