На 29 декември, минатата година, дечињата од ЈОУГД „11 Октомври“ од Бутел – Скопје, на возраст од три до пет годинки, заедно со наставничката Катерина Равојска учествуваа во многу, многу забавна и интересна, дури и за нас возрасните, активност на отворено.
Со цел да дознаат, дали воздухот кој го дишеме е чист или загаден,
како и да разберат дека, значаен број на загадувачи на воздухот се невидливи,
заедно со нивните учителки од градинката направија експеримент на отворено. Сѐ што им беше потребно за да направат импровизиран мерач на загаденост на воздухот беше: една пластична чинија, маркер, вазелин, нешто за врзување на пластичната чинија. И, како поточно се одвива процесот на набљудување?!
Ќе мора да ги распрашате или пак, заеднички да го повторите експериментот.
Приклучете нѝ се!
Активностите на отворено се организираат во рамки на “Glow Project” кој, освен во Македонија, се спроведува во Данска, Кипар, Португалија и Словачка. Проектот е поддржан преку #ErasmusPlus програмата и истиот цели да поттикне едукативни активности со децата надвор – на отворено.
Еко Логик е партнер во овој проект.




