Во текот на период од октомври- април 2021-2022 во рамките на Нашата градинка се спроведува проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени’’ спроведуван од УНИЦЕФ и Здружение на граѓани за заштита и унапредување на животната средина “ECO – LOGIC” со финансиска поддршка на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА). Целта на реализација на активностите е преку искуствено учење да се подигне свеста кај децата за значењето на образованието за животна средина и климатските промени.
Активностите кои се реализираа а беа во насока на унапредување на образованието за животна средина и климатски промени беа:
- Ефект на стаклена градина
- Загадување на вода и почва
- Природен термометар
- Фаќач на дожд
- Профил на почва
- Растенија и ерозија на почва
- Растенија и загадување на вода
- Топење на мраз
- Хотел за бубачки
- Хранилка за птици
- Рециклирање на органски отпадоци
- Ртење на семиња