Балското фустанче на жолтото глуварче

Балското фустанче на жолтото глуварче

На ден 21.03.2022 година дечињата од нашата градинка на РЕ Чаир уживаа во музичко-сценски перформанс “Балското фустанче на жолтото глуварче” подготвен и реализиран од воспитниот кадар на ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел (РЕ Чаир).

Целта и темата се поврзани со најавата на годишното време пролет со сета негова шареноликост од цвеќиња и инсекти. Заеднички со децата заклучивме дека секое цвеќе е убаво на свој начин и има свое заслужно место во природата. Детските среќни ликови уште еднаш докажаа дека се обележје на добро реализиран проект во нашата градинка.