Бон Тон За Пешаци

Бон Тон За Пешаци

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

БОН ТОН ЗА ПЕШАЦИ

Цели на оваа активност се:

  • примерно поведение во сообраќајот,
  • индификување, покажување и именување на боите на семафорот и нивното значење во сообраќајот,
  • детето опишува каде и со кого треба да се движи по улица и каде се поминува улица.

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • Бели листови,
  • картон,
  • хартија во боја,
  • лепак,
  • ножички,

Со вашето дете разгледајте ги дадените слики, разговарајте што е тоа бон тон за пешаци, како треба да се однесуваме на улица, каде треба да се движиме кога сме на улица(тротоар),дали децата сами смеат да поминуваат улица. како се регулира сообраќајот (сообраќајни знаци) . Поттикнете го детето да ги именува боите на семафорот и нивното значење . Ако не работи семафорот сообраќајот го регулира сообраќаец.

Разговарајте дека на улица не се играат игри , не смееме да поминеме улица каде сакаме туку само каде има одбележано пешачки премин, да се погледне лево-десно пред да поминеме улица. Заедно со детето од картон и хартија во боја изработите семафор.

Дадената стихотворба „Семафор“ рецитирајте ја неколку пати , а потоа заедно со вашето дете рецитирајте ја со промена на интонација на гласот .

СЕМАФОР
Тој сообраќаец чуден
И дење и ноќе е буден
Секој гледа со почит
Во неговите трибојни очи.
Црвеното значи чекај,
Жолтото биди подготвен сине,
А зеленото штом ќе светне
Можеш слободно да минеш.

На крај можете да ја играте творечката игра „ Бон тон за пешаци“, конструирате раскрсница , со бели листови конструирате пешачки премин како и предходно изработениот семафор , имитирате примерно поведение во сообраќајот како пешаци.

Со реализација на оваа активност детето го проширува своето знаење за правилно однесување во сообракајот како пешак.

Се надеваме дека уживавте во заедничките активности заедно со Вашите дечиња.

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА