ОБРАБОТКА НА ДЕТСКА ПЕСНА „ИГРАЈТЕ ДЕЦА“

ОБРАБОТКА НА ДЕТСКА ПЕСНА „ИГРАЈТЕ ДЕЦА“

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ОБРАБОТКА НА ДЕТСКА ПЕСНА „ИГРАЈТЕ ДЕЦА“

Цели на оваа активност се:

  • Изведување на движења на дадена музика,
  • развирање на љубов кон музиката.

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • CD,
  • CD плеер,
  • you tube,
  • готова контура
  • боици по желба на детето.

Во овој период на раниот детски развој децата почнуваат да покажуваат интерес кон откривање на нови работи и имаат свој индивидуален пристап кон одредени нешта.
Со детето разговарајте за детската музика и за детските фестивали кои ги има кај нас.
Со нивна помош поттикнете го детето да ви ги покаже своите омилени детски песнички.

Потоа на детето пуштете му ја песничката која ја имаме одберено за овој ден а таа е од детскиот фестивал Златно Славејче 2017 со наслов „Играјте Деца“ – исполнува Методија Столески.

Слушајте ја песничката неколку пати, заедно со вашето дете. Потоа обидете се да изведете движења согласно  содржината на текстот.

Како предлог содржина можеме да ви понудиме слики за боење .

Се надеваме дека уживавте во заедничките активности заедно со Вашите дечиња.

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА