Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
МОЕТО КАТЧЕ, МОЈАТА СОБА
Цели на оваа активност се:
- Развивање на спретност во користење на материјали и средства (ножички, лепило); истрајност и следење на на личен план; предвидување и покажување на релација: зад-под.
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- Ножички,
- лепило,
- разновиден вид на хартија,
- ткаенини,
- играчки и инвентарот во својата соба.
Почнете разговор со вашето дете за неговиот личен простор кој тоа го користи односно неговата детска соба во која тоа спие,црта и си игра.
Низ разговорот насочете го детето да ја опише својата соба почнувајки од мебелот и играчките нивните карактеристики како што се обликот и бојата па се до местоположбата на која тие се наоѓаат во собата.

Со помош на разновидна хартија односно хартија со различна боја или самолепливи стикери помогнете му на детето со ножички да креира (исече) мебел или играчки и истите со помош на лепило да ги залепи на бел лист хартија се со цел да ја искреиа сопствената соба при тоа запазувајки го истиот ред на предметите т.е. запазувајки го односот на релациите во просторот зад-под.

На крајот охрабрете го детето заеднички со ваша помош да ја уреди сопствената соба при тоа ставајки ги своите лични работи и играчки на своето место.

Со реализирање на денешната активност се надеваме дека децата ќе ја развијат или усовршат моториката на прстите со употреба на различен ликовен материјал како и релациите во просторот и оријентацијата во истиот.Оваа активност исто така ќе им овозможи на децата да ја подобрат комуникацијата и соработката со возрасен.
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА