ОД СЕМЕ ДО ЦВЕТ

ОД СЕМЕ ДО ЦВЕТ

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ОД СЕМЕ ДО ЦВЕТ

Цели на оваа активност се:

  • Запознавање, воочување на процесот на садење на растенија и грижлив однос кон нив,
  • Развивање на способноста за внимателно  слушање и разбирање на содржината

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • серија слики
  • восочни боици
  • дрвени боици.

Најпрво објаснете им на децата како се садат растенија што е потребно на растенијата да растат и како да засадат семчиња.

Обработка на серија слики „Од семе до цвет“.  Прочитајте им ја приказната на вашите деца. Поттикнете ги да ви раскажат што гледаат на сликите.

Додека работиме можеме и да учиме стихотворба.

Ленче бере цвеќиња

Ленче бере цвеќиња,
Да си сплете венчиња

Едно венче сплете
За сестраси Лепа

Друго венче плете
За братчето Мете

Третото венче
ќе си го носи Ленче

Понудете му на вашето дете да бoи некое од понудените слики доколку сте во можност да ги испечатите.

Со релизација на овие активности детето стекнува навика  да не слуша додека  му читаме, отпочнувате разговор со детето во врска со приказната и одговара соодветно  на прашањата  кое сте му го поставиле. Со помош на овие активности се развива љубопитноста и креативноста кај детето.

Се надеваме дека ви се допадна денешната активност, а Вашите деца стекнаа сознанија за садењето и одгледувањето на растенијата.

Во интерес на Вашето дете е да ги следите  нашите објави

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА